Вереницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, наводно е бремена
Во светските медиуми повторно одекна веста дека вереницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез е бремена.
Прв веста ја пренесе шпанскиот портал „Хола“, наведувајќи дека 27-годишната Аргентинка е бремена веќе три месеци. Веста ја поттикнаа новите фотографии од парот на кои Џорџина носи тесен, син фустан во кој се истакнува поголем стомак.
Двојката допрва треба да ги прокоментира написите на светските медиуми.