
Според советот на нутриционист од Русија, Наталија Пугачева, од Универзитетот Сеченов, постојат три намирници што треба да ги користиме со цел да поттикнеме брзо и успешно слабеење.
Таа гарантира дека брзото слабеење не е здрав избор и не носи стабилни резултати, но ако вклучите хранливи согорувачи на калории во урамнотежена исхрана, можете да си помогнете на природен начин.
Еве 3 намирници кои се многу важни за здраво слабеење:
Семиња чиа – содржат огромна количина на растителни влакна кои ги стимулираат цревата и го намалуваат апетитот. За губење на тежината, доволно е да земете 2 лажици семе на ден. Може да го комбинирате со јогурт или да го ставите во смути.
Сладок компир – Овој производ го намалува холестеролот, што значи дека спречува складирање на маснотии во клетките.
Брусница – Овие бобинки содржат урсуларна киселина, која го зголемува растот на мускулите, но исто така ги согорува маснотиите.
Покрај здравата и урамнотежена исхрана, за успешно согорување на масни наслаги, потребно е да бидете физички активни и да внесувате доволно вода во организмот.