Барак Обама го прослави својот 60 -ти роденден во Martha’s Vineyard, на кој беа поканети само ВИП гости. Судејќи според Анџела Левин, Меган Маркл е многу вознемирена бидејќи не била поканета.
Имено, сопругата на принцот Хари се роди, всушност, на ист датум со Обама, на 4 август, и како што изјави Левин за „Сан“, „таа очајно сакаше да биде меѓу гостите“.
„Ми кажаа дека, и покрај сопственото тврдење дека била спречена да присуствува, таа очајно сакала да биде специјална гостинка на забавата на Обама“, објасни таа, додавајќи дека ограничувањето на гостите поради пандемијата на корона вирусот е 475 луѓе.
„Хари и Меган не беа ниту на оригиналната листа.“
Како и да е, извор близок до парот за Page Six изјавил дека Меган и Хари немале намера да дојдат на прославата бидејќи се уште се на „отсуство“ поради нивното бебе Лилибет.
Меган го помина својот 40 -ти роденден промовирајќи филантропски активности со Хари и нејзината фондација Арчвел.
Изворот додал дека таа немала ниту намера да дојде на забавата на Обама.
Инаку, уредникот на британски Вог неодамна го уништи изгледот на домот на Меган во Калифорнија.