Се ближи денот кога Парис Хилтон ќе му го каже судбоносното „Да“ на избраникот Картер Реум, кој ја запросил во февруари, после едногодишната врска.
По тој повод пријателите ѝ организирале свадбена забава, за која ѝ подготвиле посебно изненадување – венчаница од тоалетна хартија.
Имено, наследничката на империјата „Хилтон“ на забавата се појавила во бела мини тоалета, а потоа нејзиното друштво ја завиткало во тоалетна хартија, од која направиле и долг вел.
Парис не само што не се налутила поради оваа шега, туку и на следбениците на Инстаграм во живо им пренела како се забавуваат.
Околу пресоблекувањето немало проблеми. За тоа се погрижиле домашните миленици на богаташката, кои ја „ослободиле“
од необичната тоалета.
Инаку, самата Парис во една емисија изјавила дека викендот кога ќе се венча ќе се пресоблече дури 10 пати.