Некогашната мисица, манекенка и модел, чија прва љубов сепак беа балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, повторно и се враќа на модата и убавината, на фотомоделството и позирањето пред фотообјективот и камерата.
Дали стегите на неуспешниот брак со некогашниот фудбалер Игор Кралевски беа причина за апстиненцијата во светот на модата и фотомоделството или нешто сосема друго беше во прашање, сега е сеедно, зашто по разводот Вера Мештеровиќ се врати во јавноста. Поубава и позгодна од било кога, еднакво атрактивна и сек*апилна како и на почетокот на кариерата.
Очигледно годините за неа се само бројка на километражата на животот, кој иако минува со филмска брзина, нејзината убавина останува да стои во лер. Вера како да е замрзната во времето, истото она време кога како тинејџерка се појави на модните писти освојувајќи ги првите места на изборите за убавина.
Нејзиното враќање во јавната професија каква што е убавината и модата ги најави како ексклузивен промотор и манаџер на козметиката на еден светски познат бренд, кој покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ги вклучува и академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот како и целата процедура на нега и убавина на нокти.
Враќањето во фотомоделството и позирањето на фотографии или во видео беше следната станица на расната убавица, па нејзиниот лик беше главен во музичкото видео за темата „Нешто ме гони“ на култната екс ЈУ група „Галија“ каде ја гледавме во нејзиниот препознатлив изглед и имиџ.
Малку потоа, нова трансформација на убавицата. Вера од црнка во русокоса, од тинајџерка во вистинска дама, отмена госпоѓа… во „Жена за милион години“ на истоимената тема и видеото за неа препеано на хрватски, со која нашиот Дарио Панковски тргна во музички поход на регионот.
Последното видео кое деновиве осамна на социјалните мрежи, сепак се чини вистински го претстави сиот нејзин раскош… И телесен и оној со кој зрачи: сек*апил, убавина, привлечност, пожелност…
Вера Мештеровиќ разголена во уметнички или рекламен видеоклип, во кој убавицата распослана на бела постела…
…Или легната во запенетата када со вода, подеднакво ги буди најдлабоките еро*ски страсти, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, која додека ја гледате ќе ве држи со очи ширум отворени.
Преземено од denesen.mk