Весна Бејби со емотивна порака по повод 18-иот роденден на синот кој се пресели во САД: „Ми фали ама знам дека ќе успее“

19 април, 2021
бејби

Синот на актерката Весна Бејби Петрушевска, Кирил Тренкоски пред некој месец замина кај својот татко во САД каде ќе заврши четврта година гимназија и ќе продолжи на факултет.

Кирил далеку од својата земја и својата мајка славеше полнолетство односно наполни 18 години.

Токму по тој повод, Весна Бејби на социјалните мрежи му се обрати со емотивна порака.

„Кирил наполни 18 години @ktrenkos00 се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него , знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска…демек сум кул и ок…тој стана полнолетен дечко….се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола 2 броја помали па имаше некое раниче на малото прсте.Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува:Ваш е ? Ја гледам насмеано и и одговарам: Највеќе е мој златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ напиша актерката.

Среќен роденден.

Преземено од kurir.mk