Ако сте меѓу љубителите на кокос, овие бакнежи од кокос брзо ќе ви влезат под кожа. Покрај нивниот сладок изглед, тие носат и задоволство во вашиот стомак, бидејќи тие се највкусното нешто што ќе го пробате.
Состојки:
4 јајца (белки)
250 гр шеќер во прав
120 гр кокосово брашно
50 гр брашно
Подготовка:
Изматете заедно 4 белки. Додадете 250 гр шеќер во прав, а потоа 120 гр кокосово брашно. Се вари на пареа и се промешува да се згусне. Потоа изладете ја смесата малку, па додадете 50 гр брашно. Со лажица формирајте еднакви купови на подмачкан плех. Се стврднува 20-25 минути на температура од 80 степени.