(ВИДЕО) Прекрасен глас на само 6-годишна возраст: Погледнете го првиот настап на Тамара Тодевска

popara7 мај, 20211min0
tamara1

Тамара Тодевска несомнено важи за еден од најдобрите вокали во нашата земја, а за сите нејзини успеси зборува нејзината долгогодишна кариера…

Дали сте знаеле дека својот прв официјален настап, Тамара го имала на само 6 години?

Имено, таа за прв пат стапнала на сцена во 1991 година, на музичкоот фестивал „Макфест“, како придружен вокал  на познатото дуо – сестрите Маријана и Росана кои таа година настапија со песната „Љубов“.

Тоа беше четврто и последно учество на Маријана и Росана како дуо на „Макфест“ и единствениот пат кога тие не беа наградени, иако песната заврши на високото 5-то место во финалето.

Но, токму на тогаш македонската јавност ја имала честа да го слушне препознатливиот глас на нашата Тамара, која уште како дете пленела со харизма.

Преземено од slobodenpecat.mk