Уживавме во секоја објавена фотографија која Илина Арсова, ја споделува на нејзиниот инстаграм – профил, а особено се радувавме на заедничките фотографии со Игор. Овој пат нашата најпозната алпинистка на социјалните мрежи се пофали со прекрасен видео спот посветен токму на неа.
„Земи ме со тебе преку седум планини, седум реки, преку седум препреки и ќе те чувам од зло“, се дел од стиховите на песната која Игор ја посвети на неговата љубена Илина.
Актерот, вчера на Денот на независноста на Македонија го промовираше спотот на песната со наслов „Love is so Good (многу ми е премалку…)“ која летово се вртеше на радио станиците.
Нашата позната ликовна уметница, скијачка и планинарка е музата на Џамбазов. Во спотот се прикажани и бројни уметнички дела на Арсова, а истиот завршува со нејзин автопортрет и зборовите „На мојата муза…“.
Музиката и текстот се на Џамбазов, додека истакнати музичари како Мите Димовски (аранжман), Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани) се дел од екипата која стои позади оваа песна.
Преземено од slobodenpecat.mk