Викторија Бекам со години негува еден стил, а го пренесе и во колекциите што ги дизајнира.
Креаторката Викторија Бекам, и некогаш дел од позната музичка група, деновиве ја претставува својата есенска колекција. Оваа сезона, исто така, останува во рамките на елеганцијата и класиката.
Колекциите што ги прави и самата ги носи, па направи интересна комбинација на една од фотографиите на Инстаграм. Носеше здолниште што често ќе го гледаме во овој преоден период. Широко е и со малку ѕвонест крој на краевите, што се почесто можеме да го видиме во продавниците. Здолништето е во водечката боја на сезоната – беж.
За горниот дел, таа избра поширока сина кошула со романтични пуф ракави. Како завршница, таа додаде класични салонки во светло жолта боја.
Доколку ви треба нова дневна комбинација, изгледот на Викторија Бекам може да биде инспирација.