Вил Смит размислува да се кандидира за претседател: „Ќе почекам прво да се исчисти Белата куќа“

popara2 март, 20211min0
vil-smit-will-smith-7-830x0

– Секако ќе го завршам својот дел од работата, без оглед дали ќе остане уметнички или, во одреден момент, потфат во политичката арена – истакна актерот

Вил Смит (52) зборуваше за своите политички амбиции, во подкастот Pod Save America.

Иако е повеќе од успешен како актер, Смит не ја исклучува можноста да се кандидира на изборите.

Имено, на прашањето дали размислува да се „пресели“ во Белата куќа, актерот се насмеал и рекол:

– Мислам дека засега ќе почекам малку да се „исчисти“ таа канцеларија, а потоа, во одреден момент, ќе започнам да го разгледувам тоа.

Како што рече, тој има силен став, полн е со оптимизам и надеж, има разбирање за луѓето, верува во хармонија.

– Апсолутно имам мислење, оптимист сум, се надевам, верувам во разбирање меѓу луѓето и верувам во можност за хармонија. Јас секако ќе го завршам својот дел од работата, без оглед дали ќе остане уметнички или, во одреден момент, потфат во политичката арена – рекол Смит.