Индијско момче (12) почина од нипаха, редок вирус што е посмртоносен од ковид 19, а здравствените власти долго време се плашеа дека може да предизвика глобална пандемија слична на оваа со корона вирусот.
Неименувано момче почина во саботата во болница во градот Керала, на југоистокот од Индија.
Претходните епидемии на нипаха, или скратено NiV, покажаа дека смртноста од овој вирус е помеѓу 40 и 75 проценти, според Светската здравствена организација, која е неспоредливо посмртоносна од онаа предизвикана од корона вирусот.
„Вирусот почна да се шири од човек на човек за време на претходните жаришта, предизвикувајќи загриженост дека NiV може да предизвика глобална пандемија“, велат американските центри за контрола и превенција на болести (CDC).
Повеќе од 100 луѓе кои веројатно биле во контакт со момчето морале да бидат изолирани, а 48 лица се во болница и нивната состојба се следи.
Нипах беше откриен во Малезија и Сингапур во 1999 година, кога околу 300 луѓе беа заразени, а повеќе од 100 починаа за време на појавата, објави CDC.
Симптомите на овој вирус се слични на оние на корона – треска, кашлица, отежнато дишење …