
Можете ли да погодите кои се тие?
Омилените пози при водење љубов откриваат сè за нашиот карактер, но тие ни носат не само задоволство, туку и други позитивни или негативни работи.
Можеби не сте знаеле дека две омилени пози, мисионерска и „doggy“ или одзади, имаат влијание и на ова!
Анализата спроведена во Велика Британија покажа дека сексот пред спиење има корисен ефект врз РЕМ фазата на спиење, но не во секоја позиција. Откриено е дека „doggy“ најдобро влијае на спиењето, додека мисионерското држење може дури и да ја наруши таа фаза на спиење кога се враќаат спомените и се регулира расположението.
1.652 испитаници учествувале и воделе љубов во однапред одредена позиција, а потоа носеле и монитори за спиење. Истражувањето траеше три месеци и беше утврдено дека оние кои воделе љубов на првата позиција, имаат подобрување во РЕМ фазата на спиење од дури 43 проценти.
Меѓу позите кои добро влијаат на спиењето е лотосот, кога и мажот и жената седат, таа е на него и го обвива околу нозете, како и „орел“, слична на мисионерската но жената се шири и ги крева нозете.
Вообичаената мисионерска поза беше во група на позиции кои негативно влијаеја на спиењето, заедно со неколку други пози што учесниците ги нарекоа „акробации“.