ВИСТИНСКА ХАРМОНИЈА НА ЛЕТНИ ВКУСОВИ: Едноставна торта со малини која многу лесно се подготвува!

5 август, 2021
Screenshot 2021-08-05 135818

Ролат со малини, јагоди или некое друго црвено овошје е посластица што секој ќе ја јаде.

Ролатот со малини е еден од наједноставните колачи што можат да ги направат дури и почетниците домаќинки.

Состојки:

500 гр малини/јагоди

4 јајца

170 гр шеќер

3 кесички ванилин шеќер

100 гр брашно

лажичка прашок за пециво

6 листови бел желатин

лажичка сок од лимон

Подготовка:

Изматете ги белките со малку ладна вода и малку сол, 100 гр шеќер и ванилин шеќер.

Додадете ги жолчките и постепено измешајте го брашното со прашокот за пециво. Истурете го тестото во плех и печете 10 минути на 200 степени во загреана рерна.

Ставете ја кората на чиста кујнска крпа, посипете со две лажици шеќер, завиткајте и оладете.

Испасирајте половина од количината на јагоди, додадете 50 гр шеќер и сок од лимон.

Потопете ги листовите желатин во ладна вода, исцедете и загрејте до умерена температура, а потоа измешајте со претходната смеса.

Одмотајте го ролатот, наполнете го со добиениот крем, повторно замотајте и изладете во фрижидер. Посипете го ролатот со шеќер во прав или ванилин шеќер.

escort - Korsan taksi