За здравјето на тироидната жлезда треба да се размислува на време и да се стори сé за да се зачува оваа важна жлезда за да може непречено да ги извршува своите функции.
Некои намирници воопшто не ѝ одговараат и влијаат на лошото функционирање на тироидната жлезда. Еве за кои намирници станува збор.
1. Пржена и преработена храна
Нема да внесете ништо добро во организмот, туку ќе добиете многу повеќе натриум и лоши масти отколку што планиравте. Овие супстанции имаат негативен ефект врз целото тело, вклучувајќи ја и тироидната жлезда.
2. Глутен
Ова се однесува на луѓе кои тешко го поднесуваат, а според истражувањето, голем број на пациенти со болести на тироидната жлезда имаат и целијачна болест.
Што сака тироидната жлезда?
За да се подобри работата на тироидната жлезда и да се регулира производството на хормони, многу е важно да се обрне внимание на навиките во исхраната. Зголемете го внесот на храна богата со витамини од групата Б и железо. Исто така, зголемете го внесот на храна богата со витамин А.
Нема да погрешите ако јадете повеќе свежа и органска храна богата со антиоксиданси, како што се боровинки, цреши, цвекло и домати. Користете здрави и хранливи масти, ореви, мешунки, овошје и зеленчук. Идеален избор е алгата, богата со јод и други хранливи материи.
Можете исто така да ѝ помогнете на тироидната жлезда со квалитетни додатоци на храна, во форма на витамини и минерали. Но, мора да бидете претпазливи затоа што не сите додатоци во исхраната се добри за нејзиното здравје. Многу од нив, исто така, комуницираат со синтетички лекови што можеби веќе ги земате како што е пропишана терапија.