Пуканките се сметаат за храна со многу малку калории, и според многу научници, тие содржат повеќе антиоксиданси отколку овошјето и зеленчукот.
Според нив, најголемиот проблем е во супстанцијата PFOA, хемикалија која се наоѓа во пакувањето на пуканките за во микробранова печка.
Тие тврдат дека оваа хемикалија е поврзана со неплодност, како и проблеми со црниот дроб и панкреасот.
Кој е, всушност, најголемиот проблем?
Кога пуканките се ставаат во микробранова печка, супстанцијата PFOA испарува и влегува во пуканките. Она што е дополнително проблематично е што оваа хемикалија може да остане во човечкото тело со години.
Затоа, јадете пуканки, но избегнувајте ги оние што се подготвуваат во микробранова печка.