Пенелопе Круз се појави на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција во неверојатна креација
Пенелопе Круз важи за актерка која старее природно.Во филмовите, а и во текот на премиерата брчките беа јасно видливи на нејзиното лице. И овој пат актерката не сакаше да изгледа поинаку.
И покрај фактот дека на жените над четириесет години не им се препорачува да го откриваат лицето, носат темна шминка и фустани, бидејќи тоа додава години – Пенелопе го направи токму тоа.
Ја залижа црната коса во ниска пунџа, стави виолетов кармин на усните и носеше прекрасен фустан од Шанел.
Овој двобоен фустан е од колекцијата на Шанел за есента 2021 година. Црн, тесен, со широки прерамки и „искинато“ здолниште од кое извира бел тул, фустанот е како да е создаден за црвениот тепих.