Прославениот актер Жан-Пол Белмондо не напушти пред шест дена на 88-годишна возраст, а смртта се случи во неговиот дом во Париз, нагласи адвокатот.
Погребот се одржа вчера во присуство на бројни обожаватели на неговиот лик и дело, а меѓу првите што се појавија беа неговата најмлада наследничка Стела Блемондо и поранешната сопруга Натали Тардивел, која по професија е пејачка и актерка.
Жан-Пол Белмондо имаше многу турбулентен љубовен живот, безброј жени, четири деца, а романсата со актерката Урсула Андрес најмногу ја пренесоа медиумите.
Последните неколку години живееше сам и без партнер, а имаше доверба само во своите наследници.