Водителката Елена Стојановска им ја честиташе брачната годишнина на своите родители: Ако некогаш била свадба, во иднина нека биде и… „дијамантска“!

popara1 јуни, 20213min0
stojanovska

 Елена Стојановска е оддамна препознатливо радио и ТВ лице, уредник и водителка на утринската програма на ТВ Сител – „Ја сакам Македононија“. Една од оние која со својата непосредност,  шарм, ведрина, утринска насмевка и убавина ќе ви го разубави денот уште од рано изутрина.

Иако на дамите не им се бројат годините, а Елена не е девојченце во тинејџерски години, иако на прв поглед шармантната водителка се’ уште изгледа така. Таа одамна е сопруга и родител, односно ревносна сопруга и посветена мајка на нејзината ќеркичка Илина.

А кога сме веќе кај родителите и семејството, велат крвта не е вода, а и гените не се губат попат, туку се пренесуваат на следните генерации, па така и убавината најчесто е наследна. Од кого ако не од некој од оние чиј потомок си… Мама или тато?

Иако на Елена не  ѝ е прв пат да ги покаже родителите во јавноста, таа тоа најчесто го прави со причина. И овој пат една од оние поважните: нивната годишнина од бракот!

Можеби ова не е првата на увид на јавноста, но е ретро фотографија која има посебно значење во животот на семејството. Денот кога родителите на водителката го кажале судбоносното да и стапиле во брак, па токму затоа Елена одбра со неа да им ја честита годишнината на мама и тато.

„Среќна годишнина мама и тато. Ве сакам“ – напишла Елена на постот со споделената свадбена фотографија на мајка ѝ и татко  ѝ  на својот Инстаграм.

Дали е сребрена или златна свадба или можеби нешто помеѓу, како и да е, спомените се она нешто што го сочинува животот, заради кои вреди да се живее…

А годините… Летаат како бели галаби. Додека си се свртел, за час животот минал… Но не завршил. Секое доба, па и она на зрелата возраст има свои убавини. А фотографиите? Тие се само нашите „чувари на спомените“.

Тука се да не потсетуваат на најважните, најзначајните, најдрагите, најубавите… моменти во животот, како што е и оној при чинот на венчавката.

Епа, ако некогаш била свадба… Во иднина нека биде и… „дијамантска“!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag