ВОЈВОДАТА И ВОЈВОТКАТА ОД САСЕКС СЛАВАТ Честитки пристигнуваат од сите страни

popara6 мај, 20216min0
182515645_1410467885976491_2099142074542471890_n

Денес е посебен ден во нивното семејство

Пред точно две години кралското семејство стана побогато за уште еден член. 39-годишната поранешна актерка Меган Маркл го роди момчето Арчи, со кое сега живее во Лос Анџелес заедно со нејзиниот сопруг, 36-годишниот принц Хари. Војвотката и војводата од Сасекс не дадоа јавно соопштение за роденденот на нивниот син, но добија честитки од 39-годишната Кејт Мидлтон и 38-годишниот принц Вилијам.

„Среќен втор роденден на Арчи“, напишаа војводата и војвотката од Кембриџ на својот Instagram профилот заедно со семејната фотографија направена по раѓањето на Арчи, додека принцот Хари и Меган сè уште живееја во Велика Британија.

На Арчи не му беше судено да порасне во дворецот и поради тоа тој не ја доби ниту титулата наменета за него. Големата желба на Меган и Хари беше да порасне надвор од фокусот на јавноста на кое е изложено целото кралско семејство, што значи да расте според протокол.

Неговите родители ја прекршија локалната традиција кога го покажаа на Светот два дена по неговиот роденден, позирајќи пред замокот Виндзор, наместо на болничките скалила како што тоа го правеа досега Кејт Мидлтон и мајката на Хари, покојната принцеза Дијана. Името на Арчи не беше познато сè до моментот на запознавање со мајката на Меган, 64-годишната Дорија Рагланд и 95-годишната кралица Елизабета.

Првото официјално појавување со поголемиот дел од кралското семејство што беше снимено на камера беше неговото крштевање во јули 2019 година. Меган и Хари не им дозволија на медиумите да ја следат церемонијата во тоа време, но сепак тие дадоа изјава и ја проследија со свои фотографии на социјалните мрежи. Арчи наскоро ќе добие сестра, која ќе го комплетира семејството.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma