Временски раздор: Мажите и жените сакаат секс во различно време

popara1 јуни, 20211min0
dreamstime-m-140239983

Кога последен пат сте биле желни за секс, а вашиот партнер не бил расположен? Потоа, неколку часа подоцна тој трепери околу вас желен за акција, а вие не сакате ни да слушнете за тоа? Не сте единствените, се чини дека им се случува на сите, и еве зошто

Истражувачите проучувале во кое време од денот луѓето се сексуално возбудени и откриле дека постои огромен јаз меѓу мажите и жените.

Lovehoney анкетираше 2.300 Британци. Вкупно 70 проценти од жените изјавиле дека се со некој што имал сосема поинаков сексуален нагон, сето тоа благодарение на времето.

Мажите најмногу претпочитаат утрински секс, во секое време помеѓу 6 и 9 часот.

Жените, пак, претпочитаат ноќна забава и се најрасположени помеѓу единаесет навечер и два наутро.

Истражувачите се обиделе да најдат најдобро време за утрински и ноќен секс и заклучиле дека најдобро е наутро да биде во 7:54 часот и навечер во 23:21 часот.

– Вообичаено е мислењето дека женското либидо е комплицирано, но многу зависи од психолошката природа и обично нема многу врска со партнерот. Станува збор за перцепцијата на жената за себе и нејзината сексуалност – објасни д-р Алисон Хил.

Значи, ако сакате да го фатите вашиот партнер во вистинско време, би можеле да го поставите алармот на горенаведените термини и да видите што ќе биде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma