Времето минува, а оваа жена не се менува: Овие навики се одговорни за младешкиот изглед и бруталната фигура на Наоми Кембел!

12 јануари, 2021
199017_profimedia0470879170_ls

4 едноставни чекори се одговорни за нејзиниот феноменален изглед, а секој од нас може да ги следи. Вака се негува моделот кој во својата 6-та деценија изгледа феноменално …

И покрај тоа што наполни 50 години, според нејзиниот изглед, никогаш не би го кажале тоа. Манекенката нема никакви брчки на лицето, а многу помладите девојки би ѝ позавиделе на нејзината витка фигура.

“Благодарение на мајка ми, многу рано започнав да се грижам за кожата. Мислам дека нанесувам навлажнувачки креми уште од основно училиште. Така навикнав како дете да ме дисциплинираат кога станува збор за нега на кожата”, вели Наоми.

„Кожата се сеќава на сè, а ако не се грижите за неа на вистински начин, ќе изгледа многу лошо многу брзо“.

Еве ги правилата што се следат со години:

1. Никогаш не легнувајте со шминка

Дури и по напорниот работен ден, таа не заспива со шминка на лицето. Смета дека овој чекор е неизбежен. „Ако шминката остане на лицето, таа ќе старее и ќе пропадне многу побрзо, затоа овој чекор е задолжителен.

2. Кремите кои го хидрираат лицето се задолжителни

“Хидратацијата е најважна за мене, затоа користам креми кои ѝ даваат влага на кожата и ја враќаат еластичноста. Покрај нив, користам и маски кои продираат во подлабоките слоеви на кожата еднаш неделно, така што секогаш изгледам свежо и одморено”.

3. Маслата се неопходен дел од рутината за убавина

Маслата и серумите со витамин Ц и колаген се исто така многу важни ако сакате вашата кожа да биде без брчки подолго. Витаминот Ц го изедначува тенот, додека колагенот помага кожата да изгледа младешки.

4. Редовно масирајте го лицето

Ништо не може да ги активира мускулите на лицето како добра масажа. Првите знаци на стареење се забележуваат кога мускулите почнуваат да се релаксираат, па затоа масажата е многу корисна, а Наоми користи разни валјаци за тоа.

Што се однесува до витката линија, работата е многу едноставна, таа минува часови во теретана. Најмногу ужива во кардио тренинзите.

Со години работи со личен тренер и вели дека најважно е да имате некој што ќе ве мотивира, тоа може да биде личен тренер или пријател со кого ќе одите на тренинзи.

Моделот верува дека е многу важно да се занимаваме со физичка активност, бидејќи на овој начин, не само што ги затегнуваме мускулите на телото, туку има и поволно влијание врз нашето расположение, туку и врз состојбата на кожата.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris