За Александра Накова летото никако да сврши: Гевгелиската убавица го испрати сама под облаци на празен базен (ФОТО)

popara9 септември, 20214min0
nakova

И ова лето, 2021-во, полека заминува… И календарски и според температурите кои се секојдневно во опаѓање. Пеколните жештини можеби минаа, но пеколно жешки летни разголени фотографии се’ уште се споделуваат на социјалните мрежи. Особено тоа го практикуваат расните македонски убавици, како спомен од годишниот одмор, реклама на својот телесен раскош или рекламирање она што го носат и користат на себе,  или едноставно само како како „празник за очи“ за Интернет слебениците, кои 24/7 ги листаат нивните профили. Што и да е, важно е убаво да изгледа.

А кога е ТАА во прашање, убавинита и раскошниот изглед никако не се доведуваат ниту во прашање, ниту под лупа на сомневање. Напротив, со својот атрактивен и привлечен изглед и жежок сексапил, Александра Накова постојано ќе ве „закова“ за нејзините фотографии и видеа на кои најчесто зрачи и со модна егзотика, но и со силен набој на еротика.

Македонија славеше јубулеј – 30 години од својата независност, а Накова празникот го славеше сама. Или така барем сакаше тоа да го прикаже, откако сподели тазе фотографии дека неработниот празничен ден го минала на соло на базен!?

А базенот, оној истиот добро познат во едно од најпопуларните гевгелиски казина до македонско-грчката граница, сосема празен. На него никој, освен гевгелиската убавица сама  во едноделен костим за капење со „поп арт“ принт, повеќе позира отколку што се сонча под сивото небо полно облаци!

Расна, стројна и бујна, некогашната ријалити ѕвезда и топ модел одново ја сподели својата убавина со пози од различен агол.

Однапред доминантни бујните силиконски гради, големата, овална задница и во неа врежан полутанга костимот највпечатливи одзади, со бело лице, гајтан веѓи и „ролинг стоунс“  филер усни, сликани одозгора, Накова позира  додека се одмора.

Седната или легната на самиот раб од базенот, Накова го мина денот жалејќи за летото што изминува, кое го испрати со мисла дека ќе ѝ недостига.

Неа ќе ѝ фалат сонцето и летната магија, на нејзините следбеници разголените летни фотографии на гевгелиската убавица!?

Но, без очајување и зимата има свои убавини… Колку и да студи, вее, да паѓа снег, мрзне или има голомразица, Накова од едни други „Плејбој“ времиња ја паметиме и како разголена, русокоса, секси бабамразица!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma