Иако Бред Пит и Анџелина Џоли беа избрани за најубава холивудска двојка досега, актерот започна врска со актерката во деведесеттите, која беше негова голема љубов, некои тврдат и најголема.
Имено, пред 27 години започна романса со американската актерка Гвинет Палтроу. Иако венчавката веќе беше закажана, Гвинет во последен момент ја откажа.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Седум“, во режија на Дејвид Финчер. Пред филмот да оди на монтажа, тие биле во љубовна врска. Покрај тоа, двојката беше прекрасно прифатена од јавноста и публиката ги обожаваше бидејќи им здодеа да ги следат врските на Ким Бесинџер и Алек Болдвин, како и Деми Мур и Брус Вилис.
Две години подоцна, во 1996 година, објавија дека се вериле. И додека се чекаше славната свадба, дојде до пресврт кој никој не го очекуваше. Парот на неколку недели пред планираната венчавка објави дека го одложува бракот без да ја открие причината, но со напомена дека се уште ги врзува силна љубовна врска.
Сепак, тие раскинаа десет месеци подоцна по патувањето во Париз. Само неколку години после тоа, кога првпат раскина со Бен Афлек, актерката рече дека се откажала од бракот со Бред затоа што мислела дека е млада за толку голем чекор во животот.
– Бев дете! Имав само дваесет и две години кога се запознавме. Дури кога наполнив четириесет години, сфатив колку сум била млада и глупава на таа возраст. Не бев подготвена, а тој беше премногу добар за мене во тоа време“, рече Гвинет.
Она што е уште поинтересно за нивната врска е тоа што за време на истата почнале да личат еден на друг.
Гвинет неодамна ги насмеа сите со коментар токму на таа тема. Имено, актерката оставила урнебесен коментар за Бред на Инстаграм кога се повторила оваа приказна, во која Бред Пит е опишан како „човек кој сака да изгледа исто како своите девојки“, Гвинет коментирала „Или навистина сакаме да личиме на него .