Наследничката на славниот пејач Лајонел Ричи и дизајнерка Никол, со нејзиниот избраник Џоел Маден, неодамна реновираа дом во Беверли Хилс, кој се наоѓа веднаш до ридот, и тие ја продадоа својата претходна вила на пејачката Адел.
Двете вили се наоѓаат во близина на кањонот Колдвотер, а изградени се во 1987 година и првично беа стилизирани како „француски замок“.
Куќата во која моментално живее Никол претрпе големо реновирање во 2019 година од талентираните луѓе во СИМО Дизајн. Сопружниците Сем Гнатовиќ и Алеки Ренаилс користеле куќа од 6100 квадратни метри како нивна лична резиденција.
Внатрешноста е многу специфична, преовладуваат мермер, едноставни бои, дрво, графички плочки, бањски камен.
Приватниот базен, голема градина, лежалки, камин и нереален поглед најмногу ги воодушевија Никол и Џоел.