За УЖИВАЊЕ во спалната соба: Пет прашања за водење љубов што мора да му ги поставите на вашиот ПАРТНЕР

popara11 септември, 20212min0
seks-dva-2

Бидете слободни и прашајте

Треба да бидете опуштени, а за да го постигнете тоа, треба отворено да разговарате со партнерот.

Секогаш е добро да знаете што му се допаѓа на партнерот и што му пречи.

Ова се некои прашања што треба да му ги поставите заради поголемо и заедничко задоволство.

1. Каква заштита ќе користиме?

Кога имате нов партнер, треба да обрнете посебно внимание на заштитата. Додека не се запознаете добро и додека не помине доволно време за врската да биде сериозна, обидете се секогаш да користите заштита.

Ако врската е долгорочна и не сакате да се грижите дали ќе останете бремени, исто така треба да бидете сигурни дека правилно ќе се заштитите. Ова е тема за која не треба да се срамите да разговарате со вашиот партнер.

2. Што сакаш да пробаме?

Водењето љубов е најдобро кога вие и вашиот партнер имате слични ставови. Можеби сакате да експериментирате во спалната соба, но дали и на вашиот партнер му се допаѓа истото? Треба да го прашате. Ако сакате голема интимна поврзаност и задоволство, треба отворено да разговарате за некои работи со вашиот партнер.

Отворено кажете му што ве возбудува, но прашајте го и до каде е подготвен да оди.

3. Дали ова движење прави да се чувствуваш добро?

Сексуалните односи не се добри ако и двајцата не уживаат во нив, па мора да го прашате партнерот дали му одговара одредена поза или можеби тој сака нешто поинакво. Кога пробувате нови работи, ова прашање е многу важно.

Исто така, ако одредени движења не ви одговараат, мора отворено да му кажете на партнерот.

4. Дали има нешто што не ти се допаѓа?

Во се постои граница, па можеби вашиот партнер не сака да оди толку далеку како вас. Се разбира, за да бидете сигурни колку далеку можете да одите, проверете го тоа со вашиот партнер.

5. Кои се твоите фантазии?

Во ваков разговор, можеби ќе сфатите дека имате некоја иста фантазија или фетиш. Но, дури и ако тоа не е така, отворениот разговор ќе ве натера да имате многу посилна и поинтимна врска. Ова ќе ја подобри вашата комуникација и ќе ја стимулира атмосферата во спалната соба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma