Појадокот на Џулија Робертс е одличен за слабеење и убавина, особено овие две намирници!
Актерката Џулија Робертс има 53 години, а нејзината витка линија и затегната кожа ја прават да изгледа многу помладо. Многумина се прашуваат како успева да го стори тоа, а актерката откри во едно интервју кое е нејзиното правило во исхраната.
“Најчесто избегнувам глутен. Се обидувам да јадам здрава и органска храна”, истакна Џулија.
Таа откри и како изгледа нејзиното просечно дневно мени:
Појадок
-Тост
-Авокадо
-Јајце
-Боровинки
-Кафе
-Вода од кокос
Ручек
-Салата со пилешко на грил
Вечера
-Див лосос
-Авокадо
-Кафеав ориз
-Вино
Интересно е што актерката избира две супер здрави намирници за појадок – авокадо и боровинки. Авокадото е богато со бројни витамини и минерали, содржи повеќе калиум од банани, полн е со растителни влакна и антиоксиданти, го намалува апетитот и го стимулира варењето, па затоа се смета за една од најдобрите намирници за слабеење.
Боровинките содржат антиоксиданти и флавоноиди, го забавуваат стареењето, го штитат срцето, го подобруваат видот и го стимулираат метаболизмот.
Џулија Робертс не се држи до строги диети, па си дозволува да ужива во чоколадна торта. Како што истакнува, таа не прифаќа здрави навики само поради изгледот, а убавината никогаш не и била главен приоритет.
„Тајната на убавината е во тоа убаво да мирисате и секогаш да имате насмевка на лицето“ – инспиративно рече актерката.