Брус Вилис го прослави својот 66-ти роденден; Еве како му честитаа сегашната сопруга Ема Хеминг и поранешната Деми Мур

20 март, 2021
1423294

Холивудската sвезда Брус Вилис сигурно по многу работи ќе го памети својот 66-ти роденден, а една од нив сигурно ќе бидат честитките за роденденот на неговата сегашна и поранешна сопруга

И Ема Хеминг Вилис и Деми Мур му го честитаа 66-от роденден на актерот Брус Вилис. Хеминг Вилис објави фотографија на Instagram на која актерот ѝ „залепи“ бакнеж на носот со соодветен текст: „Среќен роденден на најголемата љубов во мојот живот, меѓу другото, напиша Хеминг Вилис.

Од друга страна, поранешната сопруга на Деми Мур објави заедничка фотографија од неа и Брус Вилис и нивните три ќерки на Instagram со соодветен текст: „Среќен роденден BW! Ти си еден и единствен…“

Манекенката и актерка Ема Хеминг Вилис и Брус Вилис се во брак од 2009 година и имаат две ќерки, шестгодишната Мејбел Реј и осумгодишната Евелин Пен. Деми Мур беше во брак со Брус Вилис (65) од 1987 до 2000 година и ги имаат ќерките Румер (32), Скаут (29) и Талула (27). По разводот, Деми беше во брак со Ештон Качер од 2005 до 2013 година.

И покрај разводот и разделбата на животните патеки, Мур и Вилис останаа во пријателски односи, па дури и поминаа заедно дел од карантинот.

escort - Korsan taksi