Денес е една од најбогатите глумици, а порано живеела како бездомник!

19 мај, 2021
f25d3e3925def81942614d0e32808c9c10a226a6

Хали Бери се преселила во Њујорк на 18-годишна возраст, а откако пристигнала од Чикаго во еден од најубавите градови, наскоро останала без пари.

За да се справи и да се обиде да го оствари својот сон, таа се јавила кај нејзината мајка и побарала помош, но таа одбила и тогаш започнал еден од најголемите кошмари за славната актерка. Некое време морала да живее во прифатилиште како бездомник, но во ниту еден момент, како што рече, не ѝ замерила на мајка си затоа што не ѝ помогнала во најтешкиот можен период, туку вели дека е многу благодарна за тој потег.

„Кога таа не сакаше да ми испрати пари, не разговаравме една година. Сепак, сега мислам дека тоа е една од најдобрите работи што таа ги направи за мене“ – рече Хали, која потоа започна да работи како келнерка, но многу брзо влезе во филмската индустрија и нејзиниот живот целосно се смени.

escort - Korsan taksi