Дру Баримор: “Мајка ми ме смести во психијатрија на 13 години, таа создаде чудовиште…”

25 февруари, 2021
drew-barrymore-460x0

Во психијатриската установа немаше шега. Ако правевте глупости, ќе ве фрлеа во изолирана просторија или ќе ви го ограничеа движењето со врзување – рекла славната актерка.

Американската актерка Дру Баримор (46) неодамна беше гостинка во радио емисијата на Хауард Стерн и по тој повод откри дека била на психијатрија кога имала 13 години и дека нејзината мајка ја испратила таму бидејќи тоа билa „невозможна“.

Дру започнала да глуми од рана возраст и брзо станала една од најголемите холивудски детски sвезди.

-Се забавував во клубови, не одев на училиште, го украдов автомобилот на мајка ми, бев тотално надвор од контрола – изјави 46-годишната актерка.

Покрај тоа, таа додаде дека 18 месеци била во психијатриската установа Ван Нојс и објасни зошто нејзината мајка Џејд Баримор ја сместила во таква институција.

-Таа создаде чудовиште и не знаеше што да прави со мене. Тоа беше нејзиниот очаен обид и јас навистина бев надвор од контрола. И простувам за таквиот избор. Таа веројатно почувствува дека нема кому да се обрати – додаде Дру.

-Немаше шега. Ако правевте глупости, ќе ве фрлеа во изолирана просторија или ќе ви го ограничеа движењето со врзување – рече актерката, која после тоа не разговараше со нејзината мајка некое време, но подоцна се смирија.

Актерката и sвездата на филмовите „Е.Т.“, „Ангелите на Чарли“, „50 први бакнежи“ и на многу други денес разбира зошто нејзината мајка го сторила тоа.

„Ја разбирам денес, чувствувам доброта и емпатија кон неа“, рече Дру.

И покрај застрашувачкото искуство, таа вели дека престојот во психијатриска установа е најдоброто нешто што можело да и се случи затоа што тоа многу ја „смирило и разладило“, за да стане личност каква што е денес.

За потсетување, познатата актерка во понеделникот, 22 февруари, наполни 46 години и откри дека „никогаш не сака да оди на естетски операции“ со цел да го задржи својот младешки изглед, бидејќи „би се навлекла, и не би можела да застане и на крај би изгледала како Жозлин Вајлденштајн “.

escort - Korsan taksi