Хали Бери ги запали социјалните мрежи позирајќи во фустан што и остава малку на фантазијата! Откри сè!

16 април, 2021
166092765_434879800937461_6357303404451867260_n-660x450

Најновата објава на Хали Бери на Инстаграм е опасно секси. 54-годишната добитничка на Оскар ги запали социјалните мрежи во средата, позирајќи во блескав златен фустан со светки на отворениот грб и колковите од брендот La Dolce Vita Vintage.

„Просечноста ме повика, ја спуштив слушалката“, напиша Бери покрај фотографијата.

Следбениците на sвездата беа разбирливо зачудени од нејзиниот секси изглед. „ДОБАР ДЕН ХАЛИ БЕРИ!“, Коментираше актерката Вивица А. Фокс, заедно со серија огнени емотикони, додека еден следбеник се пошегува дека под итно треба да оди во теретана.

Да потсетиме, ова не е прв пат актерката да ги остави своите следбеници на социјалните мрежи без здив. Така, во декември, таа позираше без панталони во маицата на своето момче, R&B кант авторот, Ван Хант, со кого се забавува од септември минатата година.