КОНФЛИКТ ВО ПАЛАТАТА Камила е љубоморна на Кејт?

10 мај, 2021
profimedia-0567993689

Целта на Камила е да докаже дека таа треба да стане кралица по Елизабета, а не Кејт

Уште од кога 39-годишната Кејт Мидлтон се омажи за 38-годишниот принц Вилијам, таа беше во добри односи со 73-годишната Камила Паркер Боулс, сопруга на 72-годишниот принц Чарлс. Но, странските медиуми пишуваат дека имало конфликт меѓу нив, затоа што Камила се натпреварувала со Кејт за вниманието на 95-годишната кралица Елизабета.

Заради тоа Камила одела во крајност, па дури и изгубила неколку килограми, жалејќи се дека војвотката и војводата од Кембриџ го привлекле целото внимание на постарите членови на кралското семејство. Целта на Камила е да докаже дека таа треба да стане кралица по Елизабета, а не Кејт.

Извор близок до кралското семејство изјави за странските медиуми дека Камила била особено љубоморна минатата година, кога Вилијам и Кејт станаа активни и повикаа на одговорност кога панемијата на корона вирусот почна да се шири сè повеќе. Кралицата тогаш имаше поголема доверба во Вилијам и Кејт отколку во нејзиниот син и снаа. Ја стекна јавната доверба и ја осигура важноста на монархијата во толку клучно време. Но, Камила ќе се бори, ќе стори се што е потребно за да ја добие круната ‘, додаде изворот.

camilla i charles

Инаку, војвотката од Корнвол и Кејт често се појавуваат заедно на кралски настани, и заедно дојдоа на последното збогување со принцот Филип, кој почина на 100-годишна возраст. И во последно време се повеќе се зборува за кавги во бракот помеѓу Камил и Чарлс. ‘Двојката живее прилично раздвоена во последните неколку месеци. Седиштето на Чарлс е во Хајгроув Хаус со полно работно време, а Камила поминува викенди – а понекогаш и подолго – во нејзината приватна резиденција во Вилтшир. Но, во прилики кога се заедно, тие се судираат – и расправијата по неколку коктели е крајно вжештена ‘, изјави неодамна неименуван извор за странските медиуми.

Да потсетиме, неколку извори од дворот потврдија дека зависноста од алкохол на Чарлс и постојаните тепачки и расправии имаат поразителен ефект врз нивната врска, но тие веруваат дека парот нема намера да се разведе бидејќи им е полесно да го одржат бракот за взаемна корист. „Тие сè уште вредно ги извршуваат кралските должности и имаат малку шанси да се разведат“, се согласуваат извори кои велат дека парот најчесто се карал околу „гладта“ на Камила за моќ и џинот, жесток алкохорен пијалок што идниот носител на круната го обожава.

escort - Korsan taksi