НАЈДРАСТИЧНА ПРОМЕНА ДО СЕГА! Пенелопе Круз поубава од кога и да е, кога ќе ја видите со новата фризура нема да можете да го тргнете погледот од неа (ФОТО)

18 март, 2021
Emilio_1000x0

Станува збор за краток боб без шишки, рамно исфениран и малку навнатре, благодарение на што го врамува лицето на одличен начин

Ако дури се посомневавте дека боб-фризурите ќе се вратат оваа пролет како врвен тренд, новиот изглед на шпанската филмска sвезда ќе ги отстрани сите сомнежи!

Пенелопе Круз на својот Инстаграм профил сподели фотографија направена на снимањето за една позната линија шминка и ги изненади сите со многу практичната и шик фризура. Тоа е краток боб без шишки, рамно исфениран и малку навнатре, благодарение на што го врамува лицето на одличен начин.

Во комбинација со умерена шминка и ефектен портокалово-кафеав кармин, ова е феноменален изглед за пролетен ден.