Латино-дивата Џенифер Лопез и 48-годишниот актер Бен Афлек ја обновија врската 17 години по раскинувањето. Извор близок до парот за странските медиуми потврди дека биле на романтично патување заедно веќе една недела. Тие отидоа во приватен станбен клуб лоциран во округот Медисон да се релаксираат и да уживаат заедно.
По враќањето од патувањето, Џенифер се врати на своите секојдневни активности. Папараците ја уловија на излез од теретана, кога се криеше од љубопитните очи под заштитна маска и големи очила за сонце. Се чинеше загрижена, иако претходно беше опуштена и одморена.
Таа се врати во центарот на скандалот откако се дозна дека Бен и испратил љубовни писма и пред да ја раскине врската со поранешниот бејзбол играч, 45-годишниот Алекс Родригез. Тој, наводно, ги испраќал по е-пошта писмата додека таа го снимала „Shotgun Wedding“ во Доминиканската Република, каде доаѓал и Алекс.
Неименуван извор изјави за странските медиуми дека Алекс бил во шок откако дознал дека Џенифер брзо пронашла утеха. Да потсетиме, по четири години заедно, во средината на минатиот месец, пејачката и спортистот ставија крај на нивната љубов. ‘Сфативме дека сме подобри пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме на тој начин. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме едни со други во нашите заеднички работи и проекти “, објавија тогаш во заедничко соопштение.