Јулските денови се идеални за разладување, а свежо овошје и смути се идеално решение, со цел да се одржи добар имунитет и да се зајакне организмот.
Состојки:
10 органски јагоди
10 органски малини
чаша јогурт со помалку проценти маснотии
половина лимон
половина банана
10 рибизли
половина лимета
Измешајте ги сите состојки во блендер и истурете во чаша, а потоа оставете 20 минути во фрижидер. Украсете го фрапето со свежо овошје, а вкусот ќе ве воодушеви, особено за време на летните вечери.