Мирисот на лимон е идеален за будење
Додека некои мириси, како лавандата, помагаат во елиминирање на несоницата, постојат и оние кои ни помагаат да се разбудиме и концентрираме.
Цитруси
Лимонот, портокалот и грејпфрутот не само што се вкусни и здрави, туку помагаат и во лачење на серотонин и во исто време, отстранување на хормонот на стрес. Докажано е дека витрусните мирисите го стимулираат умот, а покрај тоа што можете да користите етерично масло или шампон со мирис на лимон или портокал, јадењето едно од овие овошја наутро има ист ефект.
Пеперминт
Не е изненадувачки, овој освежувачки мирис го стимулира умот, ја зголемува концентрацијата и не прави побудни. Исто така, нането влијае врз подобрување на вниманието, а со тоа и врз продуктивноста.
Рузмарин
Ова растение ја зголемува менталната и физичката енергија, а извршувањето на работните задачи е олеснето и забрзано. Покрај самиот мирис на ова растение, користете рузмарин и како зачин во подготовката на оброците.
Еукалиптус
Освен тоа што разбудува, еукалиптусот, во комбинација со ментол, го зголемува сочувството.