ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА КУЛТНАТА СЕРИЈА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“: Прва фотографија од сетот (ФОТО)

popara12 јуни, 20215min0
seks

Сезоната на застарената серија во ново руво.

Сара Џесика Паркер ја објави првата фотографија од продолжението на снимањето на култната серија „Сексот и градот“.

Актерката позираше во Њу Јорк со своите колешки – Синтија Никсон и Кристина Дејвис.

„Повторно заедно. Го читавме сценариото на првите епизоди“, напиша Сара Џесика во описот на фотографијата.

Иако сè уште не се познати деталите за сценариото за новата сезона на серијата „Сексот и градот“, главната актерка Сара Џесика Паркер претходно потврди дека новите епизоди ќе ја опфатат и пандемијата на коронавирусот.

„Сценариото е разновидно, епизодите ќе бидат многу возбудливи. Сценаристите не размислуваа долго време дали да го вклучат појавувањето на коронавирусот во приказната, заплетот на серијата се одвива во Њу Јорк, каде се почувствува пандемијата“, рече Паркер.

За потсетување, во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Секоја од нив ќе заработува нешто повеќе од милион долари по епизода, што значи дека ќе заработи повеќе од десет милиони долари за целата нова сезона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma