Започна снимањето на „Пријатели“: Фотографијата од сетот ги воодушеви обожавателите

popara11 април, 20211min0
41564722-9455655-image-a-95-1618006823884

HBO во февруари минатата година потврди дека популарните ‘Пријатели’ во специјалната епизода ‘The One Where They Got Back Together’ се враќаат на малите екрани, на воодушевување на сите обожаватели.

Грег Гранде, главниот режисер на сетот за снимањето на популарните „Пријатели“, објави слика од најпознатиот кауч од малите екрани, на тој начин навестувајќи дека започнало снимањето на специјалната епизода.

Специјална епизода во која повторно ќе ги гледаме познатите шестмина „Пријатели“ требаше да се снима минатата година, но беше одложена поради пандемијата.

На фотографијата се гледа познатиот кауч пред фонтаната, како и неколку столови и масичка, сцена која често се гледа од кафулето „Централ Перк“ во серијата. Фановите не пропуштија да коментираат.

– Не можам ни да опишам колку сум среќен – напиша една личност

– Сетот изгледа одлично! Мило ми е што тимот повторно се собра! – додаде друг.

24sata

Гледачите повторно ќе можат да ги видат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Метју Пери на малите екрани, а првите сцени се снимаат во Лос Анџелес.

Во епизодара ќе биде прикажана повторната средба на пријателите, по долги години раздвоеност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma