Заради овие 3 лоши навики се будите уморни и сте исцрпени целиот ден!

popara7 септември, 20211min0
tired-woman-sleeping-in-bed

Лошите навики за будење можат да влијаат на загубата на енергија во текот на денот. Кога ќе ви за sвони будилникот, нема ништо послатко од тоа да го поместите уште 10, 15 минути и да поспиете повеќе? Или штом ги отворите очите, да направите кафе што треба да ве разбуди?

Британскиот доктор Каран Рај вели дека овие две навики се меѓу „забранетите“ доколку не сакате да бидете исцрпени цел ден.

Рај, чии снимки на Тик-Ток имаат милиони прегледи, тврди дека никогаш не треба да ги правите овие три работи веднаш штом се разбудите.

Враќање на будилникот

Голема грешка, бидејќи на овој начин го враќате телото во состојба на сон, што предизвикува производство на хормони кои го стимулираат сонот.

Така, кога конечно ќе станете, ќе се чувствувате уморно. Не е ни чудо, бидејќи Рај вели дека овие хормони остануваат во телото цели четири часа…

Проверка на мобилен

По будењето, нашиот мозок постепено се буди, и од делта, преку тета до алфа состојба.

Меѓутоа, ако го прекинеме овој циклус со користење мобилен телефон, мозокот прерано ќе се најде во состојба на аларм, односно во алфа фаза, и поради тоа ќе бидеме нервозни цел ден, пренесува порталот ДДЛ.

Првото кафе

Да, знаеме дека многумина нема да се согласат со оваа изјава, но Рај забележува дека не е добро првото утринско кафе да се пие во 8, 9 наутро, туку само околу пладне.

Имено, стрес хормонот кортизол, кој го одржува нашето тело буден и го зголемува нивото на шеќер во крвта, најчесто се произведува помеѓу 8 и 9 часот наутро.

Ако пиеме кафе во тој период, тоа нема да го има посакуваниот ефект.

Многу е подобро да чекате да се намали нивото на кортизол околу пладне, а потоа подобро е да го испиете првото кафе, смета Каран Рај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma