
Едноставна торта со бисквити што брзо се прави.
Состојки :
500 гр бисквити
4 жолчки
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
0,5 л млеко + млеко за потопување бисквити
1 ванилин шеќер
лажица путер
Подготовка:
Половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путер ставете ги да зовријат. Измешајте ги жолчките со 2 лажици шеќер, брашно и малку млеко (само за да направите маса што може да ја истурите). Полека истурете ја масата со жолчки во врелото млеко, мешајќи постојано. Гответе околу 2 минути. Оставете да се олади. Натопете ги бисквитите во топло млеко и ставете ги во плех. Премачкајте со изладениот фил и ставете уште еден ред бисквити одозгора. Ако сакате, можете да декорирате со шлаг или шам од преостанатите белки.