И покрај фактот дека дремењето не може целосно да го компензира заморот поради несоница во текот на ноќта, кратката дремка попладне, само 20-30 минути, може да го подобри нашето расположение и будност, тврдат научниците.
Студијата спроведена од НАСА на поспани пилоти и астронаути покажа дека 30-минутната дремка ја зголемува нивната работна способност и будност за 30 проценти.
– Краткиот сон може да ја зголеми будноста и концентрацијата веднаш по дремењето и може да го продолжи на неколку часа подоцна во текот на денот, велат истражувачите.
Кога е најдобро време
Тим истражувачи од клиниката „Мајо“ пишува дека човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолг дел од ноќта и кратко да се одмора во текот на денот, а проценуваат дека најдобро време за тоа е помеѓу еден и три часот попладне. Обично во тоа време температурата ни паѓа, па ни се спие.
Според нив, постојат три вида дремки:
Планирана дремка – тоа е кратка дремка пред навистина да заспиеме. Оваа техника можете да ја користите кога знаете дека тој ден ќе си легнете подоцна од вообичаеното или како механизам за одбрана од заморот што ве очекува.
Итна дремка – процес кога наеднаш ве обзема умор и не можете да продолжите со работата што сте ја работеле или ви паѓа крвниот притисок, па неминовно треба малку да легнете.
Овој тип на дремка можете да го примените кога сте поспани додека возите или кога работите со некои тешки и опасни машини.
Вообичаена дремка – кога вежбате да лежите и да дремете во одредено време секој ден. Малите деца обично можат да заспијат во одредено време секој ден, како и постарите луѓе, кои се толку навикнати на тоа, после ручекот.