Контроверзниот пејач повторно интригира со својот стајлинг
Фронтменот на италијанската група „Манескин“, која ја освои победата на овогодинешната „Евровизија“, Дамиано Давид, со својот ексцентричен изглед го привлече вниманието на целиот свет и го полуде женскиот пол.
Препознатлив по неговиот стил, тој воведе тотално нов тренд и разби многу предрасуди, а сега повторно шокираше со нова фотографија.
Имено, младиот пејач се фотографираше со својата колешка од бендот во градник и гаќи и направи општ хаос на социјалната мрежа Инстаграм.
– Сакам да бидам твоја сексуална играчка, сакам да бидам твој учител – стои во објавата на групата.