– Не постои датум за истекување на рокот на жените, ова размислување мора да исчезне – категорична е популарната актерска sвезда
Холивудската sвезда Селма Хајек има 54 години и тврди дека дури и во најраната младост не се чувствувала толку привлечно и пожелно како сега. Селма, како и сите нејзини врсници, е во менопауза. Не се грижи за стареењето, но многу е загрижена за предрасудите со кои жените во менопауза се соочуваат секој ден.
Во интервју за „The Sunday Times“, актерката рече дека многу луѓе сметаат дека жените повеќе не се привлечни кога влегуваат во менопауза.
– Не постои датум на истекување на рокот на жените. Ова размислување мора да исчезне – рече Хајек.
Таа исто така потенцираше дека е многу незадоволна и лута што женската убавина во Холивуд сè уште се мери според тоа колку некој е млад.