Ова најмногу ги привлекува
Мислењата за физичкиот изглед се поделени.
Додека некои сметаат дека физичкиот изглед не е важен кога станува збор за избор на партнер, други сметаат дека тој игра важна улога.
Секоја жена има свои критериуми врз основа на кои бира маж со кој ќе биде во врска, но не е неточно дека постои еден тип на маж на кој ниту една жена не останува рамнодушна.
Научниците открија што ги „бутка жените на под“ кога станува збор за физичкиот изглед на мажот.
Дебели веѓи и брадата
Истражувањата покажаа дека овој тип на момци најмногу ги привлекува жените затоа што мажите со брада изгледаат помажествено отколку оние без. Таквите мажи оставаат впечаток дека сакаат сериозна врска со жената, поради што им се допаѓаат.
Многу жени сакаат мажи кои имаат небричена, но убаво стилизирана брада. Исто така, честопати постои мислење дека мажите кои ги бричат брадите изгледаат помлади, што е уште една причина зошто жените сè уште ги сакаат оние со брада.
Дискретна насмевка
Девојките сметаат дека идеален маж е оној кој дискретно се смее, а прилично им се одбивни мажите кои имаат присилна насмевка.
Исто така, дамите не сакаат мажи кои се премногу сериозни и ретко се смеат. Тие сакаат да се чувствуваат опуштено и пријатно покрај својот маж.
Лузни
Научниците открија дека жените ги привлекуваат „опасни“ момци. Се разбира, никој не би сакал да има лузни на лицето, но тоа може да го забележите и како предност, затоа што девојките рекоа дека на некој начин сакаат такви лузни. Всушност, тие ги поврзуваат ваквите лузни со „опасно“ однесување.
Години
Меѓу помлад и постар маж, девојките обично избираат постар. Научниците објаснуваат дека жените сметаат дека постарите мажи се позрели за врските, што тие ги нарекуваат „ефект на Џорџ Клуни“. Исто така, жените веруваат дека ќе имаат поголеми шанси да направат љубовна врска со постари мажи, како и дека можат да имаат поголема доверба во нив.