Италијанската група Манескин дефинитивно знае како да привлече внимание.
Победниците на овогодинешниот избор за песна на Евровизија позираа целосно голи. Фотографиите беа објавени на официјалниот профил на бендот на Инстаграм, а интимните делови беа покриени само со sвезди.
Вниманието го привлече басистката Викторија, која позираше потпрена на интимните делови на фронтменот Демијан, а обожавателите коментираа дека „ќе дадат се да се на нејзино место“. Постот за кратко време собра скоро два милиони лајкови.
Инаку, составот на бендот го сочинуваат пејачот Дамиано Дејвид, басистот Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раги и тапанарот Итан Торчио.
Необичниот Дамиано, со својот контроверзен стил и однесување, привлекува многу медиумско и јавно внимание, а многу дами воздивнуваат по него, сметајќи го за секси.
Сепак, има и такви кои не разбираат зошто е толку пожелен. Едно е сигурно – тој стана sвезда преку ноќ, исто како и Викторија која неодамна беше фатена од папараците во клинч со непозната девојка во Рим. Сепак, некое време се шпекулираше дека басистот имал жешка авантура со Демијан, но натписите никогаш не биле потврдени.