Дамиано Дејвид објави неколку слики во кожно издание, а коментар за нив даде и неговата девојка Џорџа Сорели, која ја освои наклонетоста на многумина.
Дамиано Давид (22) објави фотографии кои предизвикаа воодушевување ширум светот, а многу и се допаднаа и на неговата девојка, инфлуенсерка и модел Џорџа Сорели (25).
„Јас сум заљубен во мојот кармин“, напиша Дамиано, кој победи на Евровизија со групата Манескин минатиот месец. Италијанецот позираше во кожни панталони и мрежаста маица, а усните на фотографиите му се нашминкани со кармин додека косата му е залижана.
„И јас сум“, одговори Џорџа на зборовите на Давид. Нејзиниот коментар го лајкнаа повеќе од 8.000 луѓе.
Многу фанови на Дамиано беа воодушевени од неговиот изглед. „Заљубена сум во тебе“, му напишаа бројни следбеници. Неговите фотографии им се допаднаа на повеќе од милион луѓе, додека моментално го следат 3,8 милиони.
Деавид има растечка армија фанови секој ден кои го обожаваат неговиот стил на облекување и шминкање.