АКО СЕ ПРЕВРТУВАТЕ ВО КРЕВЕТ ЦЕЛА ВЕЧЕР МОЖЕБИ ВИ СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНА БОЛЕСТ: Несоницата тип 1 може да ги предизвика овие сериозни нарушувања!

popara14 ноември, 20211min0
nesanica

Проблемите со спиењето може да имаат сериозни последици, велат научниците.

Несоницата измачува многу луѓе, а негативно влијае на извршувањето на дневните должности, но и на здравјето и имунитетот.

Ако не можете лесно да заспиете, може да бидете изложени на ризик од проблеми што ќе се развијат во подоцнежните фази од животот.

Една нова студија спроведена на Универзитетот во Мичиген покажа дека несоницата е фактор на ризик за опаѓање на когнитивните способности.

Една студија објавена во списанието „Спиење“ наведува дека пролонгираните периоди на несоница, поточно формата во која не можете да заспиете, се ризик од пад на овие способности, што во староста може да биде знак на деменција или Алцхајмерова болест.

Студијата беше спроведена двапати во текот на 15 години и вклучуваше 2.500 возрасни лица. Прво, во 2002 година беа анализирани навиките поврзани со сонот на учесниците, а потоа во 2016 година се тестираше нивната меморија, говор, брзина на разбирање …

„Воспоставивме врска помеѓу специфични форми на несоница и когнитивните способности што опаѓаат со текот на времето. Се надеваме дека нашето истражување ќе ни помогне подобро да ја разбереме врската помеѓу спиењето и овие способности“, изјави авторката на студијата Афсара Захид.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma