БРИТАНСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ: Индискиот сој на коронавирус се пренесува 60 проценти побрзо од британскиот

popara10 јуни, 20211min0
10301_depositphotos-93814036-xl-2015_f

Варијантата на Делтра корона вирусот, кој за прв пат беше идентификуван во Индија, се верува дека е 60-процентно попренослив од алфа-варијантата, која претходно беше доминантна во Велика Британија, изјави денес истакнатиот британски епидемиолог Нил Фергусон.

Фергусон од Империјал колеџ во Лондон за новинарите изјави дека проценките за преносливост се стесни и дека научниците сметаат дека 60 проценти е веројатно најдобра проценка за поголема преносливост на варијантата Делта во споредба со алфа варијантата, објави Ројтерс.

Тој рече дека следната зима, третиот бран на инфекции може да се совпадне со вториот бран на епидемијата во Велика Британија.

Засега, не е јасно како скокот на бројот на хоспитализирани лица ќе влијае на зголемувањето на бројот на смртни случаи, со оглед на тоа што се потребни повеќе детали за тоа колку добро вакцината штити од варијантата Делта.

„Сосема е можно да можеме да доживееме трет бран споредлив по бројот на хоспитализации“, рече Фергусон, додавајќи дека смета дека смртноста во тој случај веројатно ќе биде помала, со оглед на тоа што вакцините штитат.

Тој, сепак, забележува дека сето ова може да биде доста загрижувачко и дека има голема неизвесност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag