Циметот обично се поврзува со слатки и колачи, а ние несвесно може да го класифицираме како нездрава храна. Вистината е далеку од тоа, имено циметот се смета за „суперхрана“ поради бројните лековити својства.
Користен со милениуми, циметот е еден од најстарите зачини познати на човекот. Покрај тоа што се користел во бројни ритуали на вештерство низ различни култури, а особено кај древните Египќани, Кинези и стари Римјани, древните народи беа многу свесни за лековитите својства на овој зачин.
Циметот се покажал корисен во текот на вековите во лекувањето на голем број здравствени заболувања како што се менструални болки, артритис, настинки и варење, а модерната наука додала и други корисни својства на списокот, како што се блокирање на воспаление и раст на бактерии и помагање во регулирање на шеќерот во крвта, поради што особено се препорачува за дијабетичари.
Овој речиси магичен зачин е богат со калциум, железо, манган и влакна, а содржи и витамини Ц и К, магнезиум, селен и цинк. Заслужен е и за антибактериски и антифунгални ефекти, а покрај шеќерот во крвта, го регулира и нивото на маснотии и холестерол.
Така, следниот пат кога ќе направите кафе, смути или овошна салата, додадете малку цимет, вашето тело ќе ви биде благодарно.