Истражувањето спроведено врз жени во моногамни врски покажа дека постои одреден тип мажи кои се најдобри за секс. Всушност, сексот со нив е загарантиран!
Научниците открија тип на мажи со кои жените најчесто доживуваат кулминација. Обемното истражување спроведено врз жени кои биле во врска не помалку од половина година, покажало дека три фактори се клучни, а еден сигурно ќе ве изненади. И не, не се работи за големината на неговата „алатка“ …
Според истражувачите, шансите жените да доживеат оргазам во хетеросексуална врска се зголемуваат доколку предметот на нивниот интерес има самодоверба. Како што објаснуваат психолозите, жените оваа особина ја доживуваат како машка, гледаат на маж кој е сигурен во себе како алфа мажјак, а тоа е нешто што во голема мера ја поттикнува сексуалната желба.
Друг фактор, кој е целосно изненадување, е висината на приходот. Психолозите овде даваат слично објаснување како и за самодовербата. Жените гледаат на финансиски стабилен маж, односно на оној кој има приход повисок од нив, како силна и мажествена фигура.
Се разбира, сето ова паѓа во вода ако нема привлечност меѓу партнерите, што е доста зависно од физичките карактеристики. И тука доаѓаме до третиот фактор. Од сите атрибути што ги забележуваат кај мажот и кои ги сметаат за привлечни, се покажа дека жените најчесто доживуваат оргазам со оние кои имаат широки рамења.
Зошто? Научниците истакнуваат дека жените ја поврзуваат ширината на рамената со повисокото ниво на тестостерон, а мажите со таква градба оставаат впечаток на „заштитник“, што исто така им е привлечно.